Упатство за добивање на понуда

1.    ИЗБОР НА ПРОИЗВОДИ

На нашата веб - страница имате можност да изберете помеѓу две големи категории на производи: ЛИЧНА ЗАШТИТНА ОПРЕМА и ХИГИЕНА и БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО. Во опаѓачкото мени под секоја категорија ќе се отворат изборници со подкатегории каде што ќе можете да ги погледнете сите понудени производи и да го изберете она  што сакате да купите.

За секоја подкатегорија, можете дополнително да го стесните изборот на саканиот производ со чекирање на специфичниот тип на производ во рамките на избраната подкатегорија. Доколку го знаете точното име на производот што го барате, можете да го внесете во полето за пребарување.

2.    ПРАЌАЊЕ ПОНУДА

Кога ќе го изберете производот што сакате да го купите, чекирајте ги полињата поврзани со саканата боја, големина и количина на производи и потоа кликнете на полето „ПОБАРАЈ ПОНУДА“. Ако нарачате повеќе различни производи или повеќе бои и големини од истиот производи, по секоја побарана понуда можете да се вратите на повторно нарачување, и сите Ваши  барања ќе бидат соединети во еден образец на следната страница на чиешто дно имате опција за потврдување на податоците и испраќање на конечното барање.

ЗАБЕЛЕШКА: Албо е компанија за големопродажба на лична заштитна опрема, што значи дека конечната цена на производот зависи од нарачаната количина. Цените што ги гледате на веб-страницата имаат информативен карактер. Оттаму, оваа прва фаза од купувањето подразбира дека Вашето барање е примено и се обработува од страна на нашите колеги за продажба, по што на Вашиот е-маил од нив ќе добиете информација за нашата понуда и цени.