PANORAMA M3

PANORAMA M3 Scott

Шифра: ZF-SPRXM3

За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.

Маска за цело лице изработена од силиконска, безмирисна, антиалергиска гума, со филтер со
DIN навој. Двојната силиконска мембрана овозможува совршено херметичко вклопување на лицето на корисникот. Поликарбонатното стакло со широко видно поле (над 90%) е отпорно на гребење, без внатрешен отсјај. Го намалува чувството на клаустрофобија коешто често се јавува при носење маска за цело лице. Стаклото има технологија против магла - воздухот кружи по внатрешноста на маската пред да се вдише и таквата внатрешна струја го спречува замаглувањето на маската. Внатрешноста на маската е дизајнирана на таков начин што го насочува брзото исфрлање на јаглероден диоксид низ вентилот, со што се олеснува дишењето. Закопчување на 5 точки, со токи за брзо откопчување во кризни ситуации. Се користи во хемиската и петрохемиската индустрија, фармацевтската индустрија, при прскање со пестициди и сл.
EN 136

ПРОИЗВОДИ ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА