DIABLO O2 FO SRC
Шифра: OB-CM060
За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.
Плитки професионални работни чевли/патики со атрактивен дизајн. Кожени и водоотпорни (O2 ознака согласно
EN 20347). Горништето е прецизно сошиено со бел конец од неколку специјално кроени парчиња кожа за подобра ергономика и модерен изглед. Двослоен антистатички ПУ/ПУ анти-лизгачки ѓон отпорен на масла и нафта, а има и апсорбер на енергија во пределот на петата. Полиуретанскиот материјал со поголема густина од којшто е направен долниот слој на ѓонот е обоен во атрактивна нијанса на црвена (модел DIABLO) и зелена боја (модел VIPER). Флексибилната влошка има мека подлога во пределот на петата, што во голема мера придонесува за поголема удобност, а дупчињата во предниот дел придонесуваат за поголема вентилација. Целата влошка може да се извади. Овие карактеристики, заедно со 3Д паропропустливата постава придонесуваат за исклучителниот хигиенски перформанс на овој модел, при што појавата на непријатни мириси по работната смена е сведена на минимум. Јазикот е мек и исполнет, а исто како и пертлите за чевлите, обоен е во контрастна впечатлива боја. Делот околу глуждот и дел од јазикот се збогатени со текстилни појачувања со цел да се намали абењето на овие делови, што придонесува за подолг животен век на чевлите.
Величини 36-48
EN 20347