TYCHEM® F

TYCHEM® F DuPont

Шифра: OD/T-004

За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.

Заштитен, антистатички, водоотпорен комбинезон со качулка, обезбедува заштита од разни видови органски и високо концентрирани неоргански хемикалии и ултра фини честички, штити од радиоактивни честички и отпорен е на прскање со течности под притисок до 5 бари. Обезбедува и биолошка заштита - ги исполнува условите на стандардот
EN 14126 во највисоката класа, отпорен е на најчесто користените супстанции при деконтаминација. Овозможува заштита од тип 3Б, како и удобност и леснотија во движењето - комбинезонот со големина L тежи само 450 g. Комбинезонот е паропропустлив, се отстранува во отпад на вообичаен начин бидејќи не содржи халогени соединенија. Качулката има еластична лента и самолеплива лента за брадата што овозможува подобро позиционирање на маските за дишење, комбинезонот има двојна самолеплива лента врз патентот и еластична јамка за закачување околу прстите, како и еластична лента околу половината, на краевите на ракавите и ногавиците. Шевовите се зашиени и заварени. Погоден за употреба во агрохемијата, биоинженерингот, хемиската индустрија, при деконтаминација на загадена почва и отстранување на опасни материи, во службите за итни случаи при излевање на опасни материи, во противпожарните служби, за индустриско чистење и одржување, во медицината и при изложеност на биолошки опасности, при ракување со нафта и чистење на танкери со нафта, во фармацевтската индустрија, за чистење, инспекција и одржување на резервоари, итн.
Величини L-XXXL Категорија III, тип 3, тип 4, тип 5, тип 6
EN 1149-5
EN 1073-2
EN 14126 тип 3B

ПРОИЗВОДИ ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА