EVO 2® БЕЗ ВЕНТИЛАЦИЈА
Шифра: ZG-EVO2-2
За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.
Заштитен шлем со низок профил, со канал за истекување на дождовница. Изработен е од HDPE (полиетилен со висока густина којшто може да се рециклира), со што се обезбедува висок степен на отпорност на удари. Има пластична влошка со закопчување на 6 точки и прилагодување на три длабочини. Лесно прилагодување на обемот со помош на OneTouch™ лента. Памучен потник обложен со порозен ПУ слој, материјал којшто е Ph неутрален и дерматолошки тестиран. Шлемот е достапен со вентилација (екстензија V во кодот) или без, во неколку бои. Верзијата со вентилација е дизајнирана на таков начин што топлиот воздух излегува надвор преку отворите, а студениот воздух влегува внатре, намалувајќи ги негативните ефекти на UV зрачењето и температурата во внатрешноста на шлемот за 2-3 степени. Верзијата без вентилација ги задоволува барањата на стандардот
EN 50365, класа 0 - електрични изолациски кациги за употреба при работа со постројки со низок напон. Тоа значи дека овој шлем има електрична изолација и е погоден за работа под напон или во близина на делови под напон во постројки коишто не надминуваат 1000 V наизменична струја или 1500 V едносмерна струја (ознака со два триаголници). Исто така, овој шлем (во верзијата без вентилација) го заштитува корисникот од краткотраен, случаен контакт со електрични водови под напон, до напон од 440 V наизменична струја. Покрај тоа, верзијата без вентилација обезбедува одредена заштита од прскање на стопен метал. На EVO 2® шлемот можат да се монтираат додатоци (држачи за визир, визири и антифони) од Sureft™ EVO колекцијата, како и EVOSpec® заштитни очила.
EN 397
EN 50365