ULYSSE 72570 S3 SRC
Шифра: OB-P72570
За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.
Заштитни плитки чевли, длабоки чевли и чизми од серијата Panda Top Classic, изработени од полна, говедска кожа со челична капа и челичен лист (модел Stralis), односно композитна капа и неметален лист (модел Ulysse и Taurus). Имаат антистатички, анти-лизгачки двослоен (ПУ/ПУ) ѓон отпорен на масла и нафта којшто има апсорбер на енергија во пределот на петата, а на надворешната страна е подигнат во пределот на петата и прстите заради обезбедување поголема отпорност на абразија. Внатрешниот полиуретански слој на ѓонот е мек и флексибилен, додека надворешниот слој на ѓонот е изработен од термополиуретански материјал којшто има одлични анти-лизгачки својства и е отпорен на торзија и абразија. Овие модели имаат антибактериска, антистатичка Absorber® постава којашто се карактеризира со извонредна паропропустливост и отпорност на абразија, а збогатени се и со рефлектирачки детали за поголема видливост на работникот.
Величини 38-48
EN ISO 20345